Фудбалерите на Аталанта вчера загубија кај Јувентус со 2-0 во Калчо-лигата а нивниот тренер, Маурицио Сари, вели дека неговите избраници морале да покажат поголема желба за победа.
„Бевме во игра сè до вториот гол по што ја изгубивме кохезијата и формацијата. Во текот на 65 минути, натпреварот беше прилично израмнет“ – вели Сари.
„Мислам дека мојот тим напредува и технички и тактички но, сè уште заостанува во поглед на храброста, ентузијазмот и преземањето иницијатива“ – беа дел од зборовите на тренерот на екипата од Бергамо.

