Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Одбојкарскиот шампион Штип УГД ги стартуваше подготовките
    Домашен микс

    Одбојкарскиот шампион Штип УГД ги стартуваше подготовките

    risteBy riste21/09/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и ги започна подготовките во полн состав.

    Првиот собир и тренинг беше во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, а одбојкарите на Штип УГД ќе имаат еден месец за да се подготван за настап во најсилното европско клубско натпреварување.

    Пред екипата е голем предизвик затоа што за прв пат ќе играат во одбојкарската елита на Европа.

    Голем број на симпатизери на клубот со нетрпение го очекуваат настапот на одбојкарите во Европа, а на првиот собир поддршка на играчите им даде и големиот вљубеник во одбојката, поранешен судија, а инаку актуелен пратеникот Никола Мицевски, кој континуирано го следи и поддржува клубот.

    Штип УГД на крајот на месец октомври го очекува двомечот со екстра атрактивниот противник, шампионот на Холандија, екипата на Орион Старс.

    Првиот натпревар ќе се игра на теренот на противникот, додека реваншот ќе биде на 28 октомври во новоотворената сала „Џексон“ во Штип.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.