Во пресрет на стартот на новата сезона во Лигата на Нации и четирите мечеви во краток период, нашиот фудбалер, Агон Елези, вели дека фокусот е насочен само кон Швајцарија.
„Прво, огромно е задоволство и привилегија повторно да се биде дел од репрезентацијата. Вистина е дека не очекуваат четири многу тешки натпревари но, сега за нас постои само еден, тој в сабота против Швајцарија. Сите ги знаеме нивните квалитети и ние мораме да се фокусираме да не правиме грешки, затоа што секоја наша грешка може многу да не чини“ – вели Елези.
„Швајцарија покажа на Мундијалот дека е во сериозна форма и дека има сериозни квалитети во секој поединец. Но, ние треба да се фокусираме на себе и да имаме доверба дека можеме да направиме позитивен резултат“ – вели Елези.

