На 4 октомври, илјадници учесници ќе бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон, а преку иницијативата „Видео секунди за мотивација“, нивните најблиски можат да станат дел од трката на поинаков начин.
Тие можат да снимат кратка видео порака во траење од само 7 секунди, со која ќе испратат охрабрување, поддршка и мотивација до својот близок. Пораката ќе биде прикажана на голем видео-бим на патеката кога учесникот ќе пристигне до Мотивациската Видео Зона.
За полумаратонците, тоа ќе биде на 18-тиот километар, додека за маратонците видео пораките ќе се прикажуваат на 39-тиот километар. Снимете порака и испратете видео на следниот линк: https://services.tagtiming.mk/mk/v/wizz-air-skopje-marathon-2026

