Македонската фудбалска репрезентација со денешниот меч против Швајцарија во Скопје влегува во новото издание во Лигата на Нации под капата на УЕФА.
Тоа ќе биде прв меч за двете селекции во Групата 1 од „Б“ сегментот и воедно прва нивна пресметка во меѓународна конкуренција. Гостите кои беа дел од последниот Мундијал во текот на летото влегуваат како фаворит на хартија но, избраниците на Седлоски, најавија голема борба на теренот. Тие очекуваат и голема поддршка од трините на Арената во Скопје.
Мечот кој ќе започне во 20.45 часот ќе го суди Шлагер од Германија.

