Македонската фудбалска репрезентација денеска на теренот на Словенија ќе го одигра вториот меч во „Б“ сегментот во Лигата на Нации.
По стартниот пораз од фаворитот Швајцарија во Скопје, избраниците на селекторот, Гоце Седлоски, вечер од 20.45 часот ќе се обидат да дојдат до првите бодови во групата -1. Судиите на стадионот –„Стожице“ доаѓаат од Италија а ќе ги предводи Андреа Коломбо. Ќе му помагаат, Џовани Бачини и Валерио Колароси.
Ќе потсетиме дека „змајчеки“ во воведниот дуел на домашен терен одиграа без голови против Шкотска која пак, денеска, ќе и биде домаќин на Швајцарија.

