Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»„Повторно роден“ – документарец за Дарио Ивановски, една година по победата на Скопскиот маратон
    Домашен микс

    „Повторно роден“ – документарец за Дарио Ивановски, една година по победата на Скопскиот маратон

    risteBy riste03/10/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Една година по победата на Дарио Ивановски на Виз Ер Скопскиот маратон, неговата приказна е преточена во документарниот филм „Повторно Роден“.

    Документарецот го следи патот на еден од најуспешните македонски атлетичари – од неговите почетоци во атлетиката и одлуката да стане маратонец, до моментите кои ја одбележаа неговата кариера, минатогодишната победа на Скопскиот маратон и настапот на Олимписките игри.

    За Дарио во филмот зборуваат неговиот тренер, блиски соработници и луѓе од организацијата на Скопскиот маратон кои го следат неговиот пат и развој. Нивните сведоштва ја дополнуваат приказната за спортистот, но и за човекот зад резултатите, откривајќи моменти и детали кои досега не ѝ беа познати на јавноста.

    Дарио отворено зборува за тоа што за него значи маратонското трчање, што го натерало да се определи токму за маратонот и како изгледал патот до најголемите натпревари. Низ неговата приказна се открива дека маратонот за него одамна е многу повеќе од трка и резултат на штоперицата, тој е стил на живот, исполнет со тренинзи, километри, одрекувања, падови и подеми, но и со она чувство поради кое повторно се враќаш на стартот. За Дарио, трчањето е нешто од кое не планира да се откаже.

    „Верувам дека додека сум жив, јас ќе трчам. Додека сум жив, ќе уживам во секој мој километар изминат. А, тоа е да бидам маратонец. Еден ден кога ќе се пензионирам, ќе се пензионирам како победник на Скопски маратон и како олимпиец“, категоричен е Дарио.

    Документарецот може да го погледнете на YouTube: „Повторно Роден – 1 Година по Победата на Дарио на Скопски Маратон“

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.