Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски, призна дека неговиот тим одиграл панично во првите 30 минути од натпреварот со Шкотска, кој го загубивме со 0:2 во Скопје.
„Честитки за Шкотска, беа побрзи и помоќни во дуелите. Во првите 30 минути игравме панично, Шкотска ја презеде иницијативата и доминираше. Со влегувањето на Дориев и Малески го раздвиживме тимот“, изјави Седлоски.
Селекторот призна дека Швајцарија и Шкотска се квалитетни за Македонија, но смета дека со Словенија можеме да се бориме за бодови.
„Единствено со Словенија можеме да се носиме во оваа група. Можеби на домашен терен ќе парираме против Словенија“, порача Седлоски.
Македонија по три кола во Лигата на нации е без бодови и без постигнат гол.

