Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Муслиу: Луѓе сме, имаме емоции – потребна ни е поддршка
    Фудбал

    Муслиу: Луѓе сме, имаме емоции – потребна ни е поддршка

    risteBy riste05/10/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентативецот Висар Муслиу побара поддршка од јавноста за македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот дуел со Швајцарија во Лигата на нациите.

    Муслиу признава дека ситуацијата е тешка по трите порази на стартот, но вели дека играчите се свесни за одговорноста и мора да покажат повеќе на теренот.

    „Швајцарија не е само офанзивна силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно, ако сакаме да бидеме успешни и во одбрана. Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б се знае дека е поквалитетна и од тимски план и од индивидуален план. Но, мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“, изјави Муслиу.

    „Сите играчи знаат во каква ситуација сме, но не знам, можеби не е доволно она што го правиме од наша страна. Но, убеден сум дека сите што сме во соблекувална, знаеме за каква ситуација се зборува. Мора да направиме нешто за да бидеме подобри. Ние сме професионалнци и кога претставуваш држава, мораме на секој меч да се трудиме да бидеме подобри.“, додаде нашиот дефанзивец.

    „Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро и никој ништо не кажува, нема голема работа. Но, кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Знаеме што се случува, не сме наивни, но сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто и за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Секој очекува поддршка, но и критиките имаат една граница. Да не оди преку тоа. Но, не можеме тоа да го контролираме ние. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари, во квалификации, во Лига на нации, да бидеме подобри“ заврши Муслиу.

    Натпреварот во Луцерн се игра утре од 20:45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.