Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн и челниците на Баерн Минхен, постигнале значителен напредок во преговорите за продолжување на соработката до 2029 година.
Напаѓачот дојде кај германскиот тим во 2023 година и веднаш се претвори во централна фигура на теренот. 33-годишниот фудбалер на 154 натпревари има дадено 152 гола и забележано 34 асистенции.
Кејн во изминатиот период освои две титули во Бундеслигата, Купот на Германија и два Суперкупа.

