Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го одигра мечот од 4-то коло во „Б“ сегментот, група 1 во Лигата на Нации.
Избраниците на селекторот, Гоце Седлоски, од 20.45 часот ќе се појават на теренот на лидерот Швајцарија, која на првата пресметка во Скопје победи убедливо со 3-0. Во вториот денешен меч ќе играат Шкотска и Словенија.
На табелата води Швајцарија со максимални 9 бодови, пред Шкотска и Словенија кои имаат по четири додека Македонија е закована на дното без бодови и без постигнат гол.

