Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџи Иљоски денеска на средба со новинарите го најавија јубилејното 50-то издание на Mеморијалниот турнир – „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“.
„Големо задоволство за мене е што годинава турниот е во Тетово каде што изворно почна да се одржува, меѓутоа последните десетина години беше ставен во функција на одбојкарските репрезентации на Македонија и се одржуваше на различни места. Оваа година заедно со претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и со генералниот секретар, Филип Деспотовски се договоривме, турнирот да прерасне и во официјален Супер Куп на Македонија“ – истакна синот на легендата, Ивица Хаџииљоски.
Утре во машкиот дел ќе играат шампионот УГД Штип и екипата на Борец Велес додека во женскиот меч ќе се сретнат победникот од претходната сезона во првенствотo Работнички и освојувачот на Куп-трофејот, Вардар.

