Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз од Швајцарија, овојпат со 3:0 во Луцерн, во вториот меѓусебен натпревар во Лигата на нации.
Првиот гол го постигна Фабијан Ридер во 43. минута, по големата грешка на Висар Муслиу, со што Швајцарците заминаа на пауза со предност.
Македонија во второто полувреме не успеа да дојде до израмнување, а со уште две големи грешки им донесовме на Швајцарците нов аубедлива победа.
Димитриевски имаше лоша интервенција во 74-тата минута, па Манзамби од далечина зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Ндоје по грешката на Гаштаров.
Претходно, на 26 септември во Скопје, Швајцарија славеше со убедливи 3:0, па по четирите натпревари Македонија останува без постигнат гол.

