Лионел Меси проти Бенин го одигра последниот меч во дресот на аргентинската фудбалска репрезентација.
На легендарниот стадион – „Монументал“ во Буенос Аирес, пред 85.000 гледачи, Меси стави крај на репрезентативната кариера која траеше 21 година. Тој има постигнато 126 голови и освоено еден Мундијал (2022).
„Ми беше голема чест да го носам овој дрес повеќе од 20 години. Никогаш не престанав да се борам, никогаш не престанав да давам се од себе. Играњето за репрезентацијата е најубавата работа во светот што може да ти се случи“ – порача Меси.

