Одбојкарскиот Меморијален турнир – „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ од годинава ќе биде и Супер Куп на Македонија во двете конкуренции.
Во Тетово, кај мажите од 17.00 ќе играат освојувачот на двојката круна УГД Штип и финалистот во првенството и Купот, Борец а кај одбојкарките шампионот Работнички и победникот во Купот, Вардар. Таа средба ќе стартува во 19.30 часот.
Влезот во салата –ДСЕУ „8 Септември“ ќе биде слободен.

