Луѓето од Милан размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде, најавија дел од медиумите во Италија.
Бидејќи „росонерите“ се соочуваат со повредите на Еступињан и Салемакерс, тие ќе се обидат да дојдат до потписот на 22-годишниот играч кој ја нема посакуваната минутажа кај Каталонците.
Централниот стопер кој вреди на пазарот околу 40 милиони евра, има договор со екипата од „Камп Ноу“ до летото во 2028 година.

