Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Над 360 натпреварувачи од девет држави на 16. Меѓународен џудо турнир „Прилеп Град Херој – 2026“ – Цевитана куп
    Домашен микс

    Над 360 натпреварувачи од девет држави на 16. Меѓународен џудо турнир „Прилеп Град Херој – 2026“ – Цевитана куп

    risteBy riste11/10/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ беше домаќин на 16. Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој – 2026“ – Цевитана куп.

    На турнирот настапија над 360 натпреварувачи од 40 клубови, од кои 25 странски и 15 од Македонија, претставувајќи девет држави: Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора, Словенија и Македонија.

    Натпреварите се одржаа во машка и женска конкуренција во категориите деца У12, помлади пионери У14 и пионери У16, на четири борилишта. За регуларното одвивање на борбите се погрижија судии од Македонија и од странство.

    Турнирот го организираше Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп, традиционално во чест на националниот празник 11 Октомври. Настанот е дел од програмата на Општина Прилеп за одбележување на празникот.

    Свеченото отворање започна со обраќање на потпретседателот на Џудо федерацијата, Миодраг Стојановиќ, по кого се обрати џудо-експертот на Интернационалната џудо федерација, Георге Дани. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го прогласи турнирот за отворен, по што беше интонирана химната и започнаа борбите.

    Посебен дел од настанот им беше посветен на џудо ветераните, кои одбележуваат десет години од формирањето на Иницијативниот одбор на џудо ветерани. Претседателот на Одборот и селектор на ветеранската репрезентација на Македонија, Киро Здравески, им додели признанија.

    Најуспешни клубови по возрасни категории
    У12 – момчиња: ЏК „Панионис“, Атина, Грција
    У12 – девојчиња: ЏК „Кастриоти“, Урошевац, Косово
    У14 – момчиња: „Џудо Тим“, Турција
    У14 – девојчиња: ЏК „Гњилане“, Гњилане, Косово
    У16 – момчиња: ЏК „Тигар Академија“, Грција
    У16 – девојчиња: ЏК „Сеишин“, Прилеп

    Со големиот број учесници, меѓународниот карактер и силната конкуренција, Цевитана куп уште еднаш го потврди своето место меѓу препознатливите традиционални џудо настани во регионот и придонесе за достојно одбележување на 11 Октомври во Прилеп.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.