Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, пред денешното гостување кај Галатасарај во Лигата на шампионите, се насочи кон целите на тимот.
„Единственото нешто што го сакам е да победуваме. Навистина сум среќен што гледам дека фудбалерите уживаат во играта“ – вели тренерот на шпанскиот состав.
„ Треба да го задржиме поседот на топката што ни дава самодоверба. Гледам дека сме подготвени за натпреварот“ – рече Флик пред гостувањето во Турција.

