Фудбалерот на Милан, Матео Габија, ќе мора да паузира до крајот на годинава, најавија дел од медиумите на „Чизмата“.
Дефанзивецот на „росонерите“ на мечот со Сасуоло во Серија А заработи повреда на левиот бут со делумно кинење на тетивата.
Италијанецот кој го напушти теренот на носилки, денеска ќе оди на детални медицински прегледи.

