Фабијан Хирцелер, менаџерот на Брајтон, би можел да го преземе Манчестер Јунајтед доколку раководството на клубот одлучи да го отпушти Мајкл Керик, пренесуваат англиските медиуми.
Според информациитe, 33-годишниот германски стратег е меѓу главните кандидати за евентуален наследник на Керик, иако челниците на Јунајтед засега продолжуваат да му даваат поддршка на актуелниот тренер.
Хирцелер го предводи Брајтон од 2024 година, а со тимот двапати последователно заврши на осмото место во Премиерлигата. Дополнителна тежина на неговата кандидатура му даваат и резултатите против Манчестер Јунајтед, против кого Брајтон забележал четири победи на последните шест меѓусебни натпревари во тој период.
Германецот неодамна го продолжи договорот со Брајтон до 2029 година, па евентуалното негово ангажирање би барало и финансиска компензација за англискиот клуб.

