Нашиот каратист, Марко Џорлев, го освои златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска.
Тој во решавачката борба успеа да го победи Адам Ваги ог Унгарија со 4-1. Џорлев кој е дел од екипата на Штип, претходно ги елиминираше: Алехандро Перез (Куба) , Хозе Андрес Гарсија (Гвајана), Леонс Акоповс (Латвија) и Јан Мата (Панама).
Џорлев годинава го освои златниот медал во Светската младинска лига во Пореч и сега е лидер на ранг-листата на ВКФ. Утре Реџеп Рушити (-84 кг) во У-21 ќе се бори за бронзениот медал.На СП ќе настапуваат 2022 каратисти со 1970 натпреварувачки влезови од 114 држави.

