Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, проговори за утрешниот меч против Севилја во Примера Дивизион и случувањата во тимот.
„Тоа е силен тим. На натпреварите што ги загубија беа рамноправен противник. Кога играат на гости, тие секогаш пружаат силен отпор. Луис Гарсија врши одлична работа. Ќе биде многу тежок натпревар но, ние сакаме да победиме“ – вели Мурињо.
„Играчите се уморни според тоа што го слушнав од медицинскиот тим. Тие чувствуваат одреден замор но, ќе бидеме подготвени. Можеме да направиме одредени промени во тимот„ – рече тренерот на „кралевите“.

