Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, упати остри критики кон главниот судија Рикардо Бенгоечеа по поразот од Барселона во деветтото коло од Ла Лига.
„Видовме чудни и необјасниви одлуки. Ни исклучија играч и ни поништија гол – сето тоа беше апсурдно. Играњето со рака воопшто не влијаеше врз постигнувањето на погодокот“ – изјави Пелегрини.
„Нашиот црвен картон, пак, беше последица на провокација од Ламин Јамал. Наместо судијата да ги предупреди двајцата играчи, казнети бевме само ние“ – рече тренерот на Бетис.

