Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик, смета дека неговиот тим направил чекор во вистинската насока и покрај ремито 1:1 против Лидс во седмото коло од Премиер-лигата.
„Дефинитивно беше чекор напред. Ако имаме слабости, сите излегоа на виделина денес. Пред натпреварот ми се чинеше дека сите играчи се подготвени. Не беше идеален меч, немавме огромна самодоверба, но играчите се обидуваа да направат сè како што треба“, изјави Керик.
Тој истакна дека неговиот тим во одредени моменти изгледал навистина добро и дека играчите се бранеа како колектив. Манчестер јунајтед со ова реми ја продолжи серијата од шест натпревари без победа, што дополнително го зголемува притисокот врз Керик.

