Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, потврди дека закрепнувањето на повредениот напаѓач, Пауло Дибала, ќе трае подолго од очекуваното. Тој се осврна и на неколку други играчи од тимот на „Волчицата“.
„Се надевав дека Пауло Дибала ќе закрепне побрзо, но, прегледите покажаа дека ќе му бидат потребни уште неколку недели“ – рече Гасперини.
„Чекаме Брајан Кристанте да се врати. Се надевам дека ќе биде подготвен за дерби натпреварот против Наполи.“ – потенцираше тренерот на Рома.

