Поранешниот генерален директор на Јувентус, Лучано Моџи, упати критики за „старата дама“ по викенд-поразот од Лацио во Серија „А“.
„Не би рекол дека тимот играше лошо, би рекол дека воопшто не играа. Бесмислено е да се дискутира за нивниот настап – тие едноставно не ни излегоа на теренот“ – рече Моџи.
Екипата од Торино сега заостанува 8 бодови зад лидерите Интер и Лацио во Серија „А“.

