Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, пред денешниот меч на теренот на Сабах во 3 коло во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим не е во криза иако на три меча по ред не успеа да забележи победа.
„Многу сме далеку од такво нешто. Секако, резултатите не се идеални но, не правиме драма. Моето правило е едноставно: не читам ништо“ – изјави тренерот на „милионерите“.
Мечот во Баку ќе започне во 18.45 часот. Азербајџанскиот состав и германците, имаат идентичен ефект по една победа и еден пораз во стартните кола во ЛШ.

