Барселона-Реал Мадрид е мечот кој ќе ја одбележи утрешната фудбалска програма, натпревар кој со нетрпение се очекува во Шпанија, Европа, но и во целиот свет.
Мечот се игра на „Камп Ноу“ во вечерниот термин од 21 часот и тоа даве дополнителен шмек на овие битки, поточно е многу подобро отколку да се игра попладне или слично. На хартија домаќините важат за фаворити иако е тоа тешко да се каже за било кое дерби затоа што тука се се заборава и се почнува од нула.
Рафаел Ван Дер Варт две години настапуваше за „кралевите“ и имаше можност од прва рака да ги почувствува, доживеа овие мечеви, а токму Холанѓанецот даде прогноза околу победникот.
-Очекувам Реал Мадрид да го добие натпреварот. Иако Барселона игра добро, мислам дека Реал може многу ефикасно да ги искористи загубените топки на Барса преку контранапади. Верувам дека ќе ги казнат. Очекувам Реал Мадрид да го добие натпреварот. Иако Барселона игра добро, мислам дека Реал може многу ефикасно да ја искористи загубата на посед на Барса преку контранапади. Верувам дека ќе ги казнат, -вели Рафаел и додава:
-Не мислам дека поразот од Пари Сен Жермен ќе влијае на Барселона. Секако, никогаш не е добро да се изгуби важен натпревар, особено со 2-4, што е прилично тежок пораз. Но, натпреварот во недела ќе биде сосема поинаков. Барселона е искусен тим, играат дома и се навикнати да победуваат таму, па затоа нè очекува интересен натпревар, -заврши некогашниот холандски репрезентативец.

