Шкендија и Вардар одиграа 0-0 во дербито од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, на натпревар во Гостивар кој го одбележаа три поништени погодоци по интервенција на ВАР-системот.
Шкендија подобро го отвори дуелот и создаде неколку сериозни закани. Во 31. минута, Ндзенгуе ја затресе мрежата на Вардар, но погодокот беше поништен поради офсајд.
Вистинската драма се случи во завршницата. Вардар постигна гол преку Данев на истекот на регуларните 90 минути, но ВАР повторно интервенираше. Во 96. минута, Спахиу исто така ја затресе мрежата, но и неговиот погодок беше поништен поради офсајд.
Претходно, Струга ТЛ на домашен терен со 4-0 го совлада Скопје
Со освоениот бод, Шкендија останува лидер на табелата со 24 бода. Струга е втора со 23, додека Вардар се наоѓа на третата позиција со 21 бод.

