Реал Мадрид доби лоши вести пред вечерашното Ел Класико против Барселона, откако остана без својот прв голман Тибо Куртоа. Белгискиот репрезентативец нема да настапи на дербито од десеттото коло во шпанската Ла Лига поради болест.
Неговото отсуство е сериозен удар за „кралевите“, со оглед на значењето на Куртоа за тимот. На голот се очекува да застане Украинецот Андриј Лунин.
Реал дополнително го повика и младиот украински голман Илија Волошин од вториот тим, како дополнителна опција за голманската позиција.
Ел Класико ќе се игра вечерва на „Камп Ноу“, со почеток во 21 часот.

