Барселона е подготвена да разговара со Манчестер Сити за можни трансфери на Ерлинг Хaланд и Жереми Доку во летниот преоден рок во 2027 година,.
Според информациите, каталонскиот клуб преку посредници стапил во контакт со раководството на англискиот шампион и ја изразил подготвеноста да разговара за двајцата офанзивни фудбалери.
Халанд настапува за Манчестер Сити од летото 2022 година и има договор со клубот до 2034 година. Од друга страна, белгискиот крилен напаѓач Жереми Доку е член на Сити од 2023 година, а неговиот договор важи до 2031 година.

