Македонските натпреварувачи, Камелија Недев и Драган Стојановски, освоија сребрени медали во дисциплината кати на Светскиот шампионат во традиционално карате, кој се одржуваше во Словенија.

Камелија се искачи на второто место на пиедесталот во кадетска конкуренција додека Стојановски стана вице-шампион во конкуренција на деца од 10 до 11 години.

Со бронзени медали се враќаат: Матеј Јарчевски – кати, сениори, Миле Спанџев, кати, деца и Георги Кокорманов исто така во кати за деца од 10 до 11 години.

