Во сениорската конкуренција, Григоријан Никовски победи на патеката долга 10.000 метри додека Адријана Поп Арсова Рашиќ беше најбрза на 8.000 метри.
Две шампионски титули за клубот донесоа и настапите во категоријата до 23 години. Бојан Чаприќ победи на 8.000 метри а Ирма Хајдари го освои првото на 6.000 метри. Дарија Крстевска стана национална шампионка во категоријата до 20 години на 4.000 метри
Кај пионерките, Сара Ноческа ја освои титулата на 1.500 метри додека второто место го освои Владимир Трајанов во категоријата до 18 години на патеката долга 4.000 метри.

