Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, не крие дека е задоволен од настапот на неговите избраници на вчерашниот натпревар со Калјари во Серија „А“.
„Римската волчица“ иако прва прими гол во почетокот на мечот, успеа до крајот да направи пресврт и да дојде до заслужена победа со 4:2.
„Противникот изгледаше посвежо. Во средниот ред ги користиме истите играчи на секој натпревар, па заморот почнува да се чувствува“ – рече Гасперини.

