Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Карлос Тевез, откри зошто во 2009 година го напушти составот од „Олд Трафорд“ и се пресели кај градскиот ривал – Сити.
„Ми рекоа ако играш добро, ќе го откупиме договорот за една година. Ферги ми рече: „Карлос, ќе го купам твојот договор а ти ќе останеш во Манчестер“ – рече Аргентинецот.
„Тој сепак не го стори тоа. Напротив, почна да ме остава на клупата. Тоа најмногу ме повреди“ рече поранешниот фудбалер.

