Тренерот на Интер Кристијан Киву ја коментираше победата на неговиот тим во натпреварот од 8-то коло од италијанската Серија А против Фиорентина.
„Таков е фудбалот, понекогаш мора да страдаш. Не сакам да гледам луѓе како се сожалуваат и се жалат на судиските одлуки“ – рече Киву.
„Исто така, би сакал да избегнам потешкотии. Ќе има натпревари кога ќе поведеме а потоа ќе загубиме. Тоа е фудбалот, мора да останеш решителен“ – потенцираше тренерот на „нероаѕурите“.

