Барселона размислува да ангажира дефанзивец за да ја зајакне својата централна одбрана, ибјави шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Според изворот, главен приоритет на раководството на Барселона за зимскиот преоден рок останува стекнувањето на искусен централен дефанзивец. Поради повредите на Жил Кунде, Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен, главниот тренер Ханс-Дитер Флик е ограничен на Пау Кубарси и Жерар Мартин, оставајќи го играчот од средниот ред Френки де Јонг да ја пополни централната дефанзивна улога.
Во исто време, раководството на каталонскиот клуб не ја исклучуваат можноста за потпишување на уште еден бек доколку се појави профитабилна можност во јануари. Главна цел на Барселона за позицијата бек останува 27-годишниот дефанзивец на шпанската репрезентација и Тотенхем, Педро Поро.

