Купот на Азија во фудбал, кој требаше да се одржи во Саудиска Арабија на почетокот од 2027 година, е одложен поради нестабилната безбедносна ситуација во регионот.
Азиската фудбалска конфедерација потврди дека турнирот ќе се игра од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 година, наместо во првично планираниот термин од 7 јануари до 5 февруари 2027 година.
Одлуката е донесена поради безбедносните ризици, но и значителните логистички проблеми и ограничувањата во патувањата.
Организаторите соопштија дека одложувањето е неопходно поради вонредните околности и актуелната нестабилност на Блискиот Исток.
Саудиска Арабија останува домаќин на континенталниот шампионат, кој за првпат ќе се одржи во периодот на преминот од 2027 во 2028 година.

