Тренерот на фудбалерите на Феенорд, Џовани ван Бронхорст, предупреди дека Интер има квалитет да се бори за пехарот во елитата на Европа.
Италијанците денеска ќе гостуваат во Ротердам во меч од 4-то коло во групната фаза во Лигата на шампионите.
„Тешко е да се игра против нив. Тие негуваат стил на фудбал сличен на нашиот и поседуваат голем квалитет и искуство. Тие се комплетен тим и покрај отсуството на одредени играчи“ – вели тренерот на холандскиот состав.

