Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на репрезентативци за последните два натпревари од Лигата на нации против Словенија на домашен и Шкотска на гостински терен.
Има одредени промени во спосокот на Седлоски во однос на минатиот месец и првите четири натпревари, сега селекторот се одлучи за неколку промени. Најголемо изненадување е отсуството на Бојан Миовски, фудбалерот на Глазгов Ренџерс, а на негово место повикан е фудбалерот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски.
Во селекцијата се враќаат Дарко Чурлинов и искусниот Бобан Николов.
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Давор Талески.
Одбрана: Никола Серафимов, Анес Мелиќи, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Езџан Алиоски, Марио Младеновски, Себастијан Херера, Бојан Илиевски, Стефан Деспотовски.
Среден ред: Енис Барди, Бобан Николов, Јани Атанасов, Агон Елези, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Дарко Чурлинов, Матеј Гаштаров, Димитар Митровски, Лука Станковски.
Напад: Марко Ѓорѓиевски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ, Христијан Малески.
Македонија се бори да ја прекине црната серија во 2026 година, бидејќи е без постигнат гол и сите порази во оваа 2026 година.

