Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Таневски го објави списокот на Македонија У21 за контролниот меч со Србија
    Фудбал

    Таневски го објави списокот на Македонија У21 за контролниот меч со Србија

    risteBy riste05/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската репрезентација до 21 година на 12. ноември против Србија ќе одигра контолен натпревар во Нови Сад. За мечот против силната Србија на стадионот „Караѓорѓе“, селекторот на нашата репрезентација, Александар Таневски повика 24 фудбалери.

    Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Даниел Диковски (Вардар), Натаниел Димовски (Пелистер);

    Одбрана: Златко Радевски (Тетекс), Андреј Велков (Брегалница), Давор Росиќ (Охрид), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Лука Атанасовски (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Андреј Аризанковски (Шкендија), Ѓорѓе Танчев (Брера).

    Среден ред: Васил Тасовски (Младост Лучани, Србија), Теодор Николовски (Тиквеш), Илија Масларов (Лугано, Швајцарија), Никола Манојлов (Силекс), Мартин Ѓорѓиевски (Банска Бистрица, Словачка), Лука Трпевски (Црвена Звезда, Србија), Горјан Цветков (Скопје);

    Напад: Никола Величковски (Скендербег, Албанија), Димитар Данев (Вардар), Адмир Љатифи (Осиек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкендија Арачиново), Игор Ристов (Брера, Македонија), Димитар Трајков (Влора, Албанија);

    Во пресред на овој натпревар , селекторот Александар Таневски со свое видување на средбата со Србија:

    “Не очекува сериозен тест против исклучително квалитетна селекција. Србија е домаќин на Европското првенство до 21 година и со овој состав има високи амбиции, што го прави натпреварот одлична можност да ги провериме нашите можности против силен противник.

    Поголемиот дел од нашиот состав го сочинуваат фудбалери родени во 2006 и 2007 година, кои треба да бидат носители на репрезентацијата во следниот квалификациски циклус. Покрај нив, ќе имаме и неколку фудбалери родени во 2005 година, кои поради возрасната граница нема да имаат право на настап во следниот циклус, но станува збор за играчи со потенцијал и квалитет за А репрезентацијата.

    Фудбалерите од помладите генерации, кои беа дел од претходниот собир, овојпат ќе бидат на располагање на селекторите на соодветните младински селекции, кои ги очекуваат квалификациски натпревари. Во Федерацијата работиме според заеднички концепт и со јасна цел, развој на играчите и напредок на репрезентативниот фудбал.

    Иако станува збор за пријателски натпревар, за нас тој има големо значење. Ќе ни овозможи да видиме како функционираме и реагираме против силен противник, но и да добиеме појасна слика за работите на кои треба да посветиме внимание во периодот што следува.“ изјави Таневска за официјалната веб страница на ФФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.