Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Митевска со извонреден резултат на Млардинските олимписки игри
    Домашен микс

    Митевска со извонреден резултат на Млардинските олимписки игри

    dinoBy dino09/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската атлетичарка Ева Митевска оствари извонреден успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал пласирајќи се во финалето на трката на 100 метри во конкуренција на атлетичарки под 18 години.

    Во полуфиналната трка, Ева го освои четвртото место со резултат од 12.58 секунди, обезбедувајќи пласман меѓу деветте најдобри финалистки.

    Во големото финале нашата репрезентативка истрча фантастични 12.28 секунди и го освои осмото место. Иако резултатот беше постигнат со ветер од +2.4 m/s, над дозволената граница, ова претставува исклучително вредно остварување на најголемата светска сцена за млади спортисти.

    Со неполни 18 години, Ева испиша нова страница во историјата на македонската атлетика, потврдувајќи го својот огромен потенцијал и статусот на една од најголемите надежи за иднината на македонската атлетика.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.