Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа собирот пред последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нации, во кои избраниците на Гоце Седлоски ќе се соочат со Шкотска и Словенија.
На списокот на селекторот има неколку промени, а најголемо внимание привлекува премиерниот повик за Марко Ѓорѓиевски, кој добива можност за првпат да го облече дресот на сениорската репрезентација.
За очекувањата од престојниот двомеч, пред новинарите зборуваше еден од најдобрите фудбалери во нашето првенство, Христијан Малески.
„Се надеваме дека ќе влеземе добро и ќе оствариме позитивни резултати. Не знам дали ќе има новитети, тоа е работа на тренерот, но важно е кој и да влезе треба да даде максимум и да се обидеме да ги добиеме натпреварите. Се надеваме дека ќе го постигнеме гол, па и да победиме.“
Македонија во последните осум натпревари од оваа кампања нема забележано победа, а дополнително загрижува и податокот дека репрезентацијата сè уште нема постигнато гол.
Лука Станковски е оптимист и се надева дека овој пат без притисок ќе влеземе во двата меча, што може да ни донесе добар резултат.
„Јас сакам да одиме на победа и да работиме овие два дена и да дадеме 100% за Македонија и да извадиме позитивни резултати на овие два надпревари. Не би сакале да ги заборавиме досегашните натпревари, но треба да се почне со нови, свежи мисли и нова самодоверба на овие два дуа. Се надеваме на позитивни резултати и да дадеме сè од себе за да извадиме добар резултат.“
Првиот предизвик ќе биде гостувањето кај Шкотска на 13 ноември, додека три дена подоцна Македонија на домашен терен ќе ја пречека Словенија.

