Легендарниот фудбалер на Рома и долгогодишен капитен, Франческо Тоти, не крие дека е задоволен како се одвиваат работите во тековнава сезона во Серија „А“.
„Римската волчица“ по 11 одиграни кола има дваесет и седум бодови и котира високо на третото место на табелата.
„Во моментов, сè е како што треба да биде. Тие се адаптираа добро и сè функционира, клубот е во одлична состојба, градот е прекрасен а тимот е многу силен“ – рече Тоти.

