Мартин Зубименди би можел да го напушти Арсенал веќе во јануарскиот преоден рок, откако неговата улога во тимот на Микел Артета значително се намали. Атлетико Мадрид внимателно ја следи ситуацијата и се подготвува да ја искористи можноста за ангажман на шпанскиот репрезентативец. Зубименди не е задоволен од својот статус во лондонскиот клуб, каде што во моментов е далеку од првиот избор на Артета.
Баскиецот пристигна во Арсенал како големо засилување, за трансфер вреден околу 70 милиони евра, но неговата ситуација драстично се промени. Во досегашниот дел од сезоната има забележано само 380 минути на 12 натпревари во сите конкуренции, што е далеку под неговите очекувања.

