Фудбалерот на Бурнмаут, Алекс Скот, се наоѓа на радарот на неколку гиганти од Премиер-лигата, велат последните информации од Англија.
Тоа се Ливерпул, Челзи и Арсенал, кои во текот на зимскиот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат 23-годишниот талент. Ќе потсетиме дека Скот во текот на летово одби две понуди за продолжување на договорот.
Фудбалерот кој дејствува на средината на теренот во сезонава постигна еден гол и направи една асистенција.

