На денешен ден пред шест години Македонија ја победи Грузија во Тбилиси со голот на Горан Пандев и обезбеди историски пласман на Европското првенство.
По тој повод денеска на социјалните мрежи се огласи и тогашниот селектор, Игор Ангеловски, кој сега работи надвод од нашите граници.
-12.11.2020 — Ден кога сонот стана реалност! Поминаа 6 години од ноќта во Тбилиси кога ја испишавме најсветлата страница во историјата на македонскиот фудбал. Горд сум на секој еден фудбалер, на стручниот штаб, на медицинскиот тим и на сите што веруваа во оваа генерација од првиот ден. Покажавме дека со срце, единство и верба во себе, ниту една цел не е недостижна. Благодарност до цела Македонија за поддршката и емоциите што ќе ги паметиме цел живот“ – напиша Ангеловски.

