Нашите најдобри фудбалери го претрпеа и петтиот пораз во групата 1 во „Б“ – сегментот во Лигата на Нации.
Тие денеска загубија на гостувањето во Шкотска со 2:1 но, по 844 минути конечно успеаја да погодат во мрежата на противникот. Тоа го направи Растодер по одлично изведениот корнер. Головите за домаќинот беа дело на Меккгин со тоа што вториот го постигна со удар од белата точка.
Во понеделник во последната рунда, Македонија ќе ја пречека Словенија додека Швајцарија која сигурно оди натаму ќе и биде домаќин на Шкотска.

