Фудбалерот, Вестон МекКени, кој летово ја продолжи соработката со италиајнскиот состав Јувентус, откри, дека никогаш не преговарал со англиски екипи вклучувајќи го и Манчестер Јунајтед иако се појавија такви шпекулации.
„Имаше недоразбирање, не знам што се случи. Можеби поради Покетино или грешка во преводот. Сакам да останам тука, затоа го продолжив договорот“ – потенцираше репрезентативецот на САД.
Американецот има тековна соработка со „старата дама“ до 30 јуни во 2030 година.

