Возачот на Хаас, Оливер Берман, ја коментираше неговата позиција на трансфер пазарот пред последните трки од сезоната.
„Не можам да кажам ништо ново. Искрено, вознемирен сум што седам тука пред 20-тата етапа без потпишан договор за наредната година“ – рече Берман.
„Се што можам да кажам е дека тоа е малку разочарувачки. Очигледно не е идеална ситуација, што не ми помага да се чувствувам самоуверено“ – рече возачот во Формула 1.

